Комерцијална Банка АД Скопје објавува Оглас за избор на Директор на Филијала во Комерцијална Банка АД Скопје – Филијала Битола, со мандат од 2 години.
Потребни квалификации и способности:
Високо стручно образование со 240 ЕКТС кредити или VII-1 степен. Завршени додипломски или пост дипломски студии на Економски факултет се сметаат за предност,
Работно искуство од најмалку 6 години,
Пожелно, но не задолжително искуство од работење во банка во Р. Македонија,
Познавање на прописите од областа на банкарство и/или финансии,
Познавање на правилата за добро корпоративно управување,
Висок личен интегритет и одговорност кон работата,
Менаџерски и лидерски способности,
Комуникациски, организациски и аналитички вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување,
Познавање на англиски јазик и работа со компјутери.
Работното време: 40 часа неделно од понеделник до петок.
Почетна основна нето плата 56.160,00 денари
Огласот трае 8 (осум) работни дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. Краен рок 4 Јули! Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми потребно е да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од Диплома за завршено високо образование, на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, Ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса vrabotuvanje@kb.com.mk со назнака: “Oглас за вработување во Филијала Битола”
Лице за контакт: Меглена Димитрова тел: 3-168-412
Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.
На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.