Во следните денови ќе преовладува умерено до значително облачно време. Во вторник ќе има појава на слаб локален дожд и ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови намалување на дневната температура, особено од среда. Кон крајот на неделата ќе биде поведро, па ќе се намали и утринската температура.
Прогноза за 09.11.2021
Минимална температура: 6°C до 11°C
Максимална температура: 14°C до 22°C
Претежно облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието.
Прогноза за 10.11.2021
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 10°C до 16°C
Претежно облачно со умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието. Во југоисточните делови ќе има услови за краткотраен дожд.
Прогноза за 11.11.2021
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 12°C до 17°C
Претпладне значително облачно, по одделни котлини со услови за појава на магла. Попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.