Крајот на месецот ќе му стави крај и на ова есенско време на стартот од летото.
Моменталните ниски температури ќе се задржат само уште до крајот на оваа недела. Веќе со завршувањето на викендот ќе дојде и разведрувањето а од понеделник ни се враќа и летото со температури над 30 степени.
Под влијание на циклонот Силвија, денеска ќе имаме врнежлив ден и веројатно најстудениот во оваа и онака свежа недела.
Веќе од утре максималните температури ќе се искачат и до 26 степени иако облачноста ќе остане.
Прв ден без дожд се очекува да биде недела иако ќе има делумна облачност во одредени места низ Македонија.
Веќе од понеделник облаците се расчистуваат и постепено температури ќе одат нагоре. Најтопло се очекува да биде во среда кога ќе имаме над 31 степен во Скопје и над 33 низ Македонија.
Според долгорочните прогнози, втората недела од јули повторно ќе биде врнежлива но нестабилноста нема да донесе ниски температури туку само повремени поројни дождови проследени со грмотевици и услови за невреме.