Над 21.000 луѓе ја дознаа вистинската плата за својата работа. Те интересира платата за твоето работно место?
Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок во петок, соопшти министерот за здравство.
На состанокот ќе бидат слушнати предлозите и согледувањата по последните анализи на КОВИД-состојбата во земјата, но министерот лично смета дека нови рестриктивни мерки не се потребни, доволно е да се почитуваат протоколите и да се зголеми процентот на вакцинација.
Со членовите на Комисијата сме во континуирана комуникација и во периодот додека беше ситуацијата прилично мирна. Во петок ќе има состанок согласно новите анализи. Во однос на мерките, ќе ги слушнеме предлозите и согледувањата. Јас сметам дека терба да продолжат превентивните мерки и да се зголеми процентот на вакцинација. Денеска испративме писмо до сите матични лекари да ги повикаат своите невакцинирани пациенти, рече министерот.
Министерот соопшти дека за 25 проценти е зголемен бројот на КОВИД - случаите, а расте, како што рече, и факторот на преносливост што е јасен индикатор дека ќе има промена на релативно стабилната епидемиолошка ситуација. Се зголемува и бројот на хоспитализирани пациенти, но добро е, истакна, што нема голем притисок врз болниците. Граѓаните мора да се свесни дека тоа е единствениот начин за излез од кризата.
Досега се аплицирани над 1,6 милиони дози вакцини против КОВИД, а нема ризик ако вакцините за КОВИД и за грип се примат во исто време, подвлече министерот. Тој уште еднаш апелира да се почитуваат протоколите, да се држи дистанца и да се носи маска. Почнува сезоната на слави, а секаков собир е ризик и затоа треба многу да се внимава.
Извор: biznisvesti.mk
Речиси сите Ирци купувале преку Интернет во 2024-та година, а од земјите-членки на Европската унија (ЕУ), најмалку онлајн нарачки биле направени во Бугарија.
Во Скопје и Охрид, бурекот е најскап, а во градовите во источниот дел е најевтин, но од бурекџилниците, посебно во градовите каде нема туризам, велат дека за народот е скапо за цело семејство да купат бурек и јогурт за појадок.
Турските државјани се на прво место според бројот на издадени дозволи за привремен престој на странци во Македонија во 2024 година.
Производителот на автомобили Дачија, во сопственост на Рено, наскоро ќе развие нов електричен автомобил кој ќе чини помалку од 18.000 евра, изјави извршниот директор на групацијата Рено, Лука де Мео.
Не патувајте во Грција на 28 февруари, ќе има голем 24-часовен штрајк
Во земјава највисоката просечна бруто плата е исплатена во секторот Воздухопловен транспорт и истата изнесува 200.842 денари.