Генералниот директор на Телеком Србија Владимир Лучиќ вчера изјави дека Телеком Србија ќе ја отвори својата прва филијала во Македонија на 16 ноември
Генералниот директор на Телеком Србија Владимир Лучиќ вчера изјави дека Телеком Србија ќе ја отвори својата прва филијала во Македонија на 16 ноември и најави дека Телеком Србија дополнително ќе се прошири благодарение на партнерството со Водафон.
Почнуваме со сателитска телевизија, а во март или април почнуваме и со мобилна телефонија во Северна Македонија“, рече Лучиќ гостувајќи на ТВ Прва.
Тој додаде дека првата експозитура во Македонија ќе биде отворена во центарот на Скопје.