Тоа што секоја земја има свои сликари кои се познати ширум светот не е ништо ново, но не секоја станала светски позната благодарение на стриповите. Дали некогаш сте летале во авион насликан со стрипови или уметнички дела од познати сликари? Ако одговорот е „да“, голема е веројатноста дека сте патувале со Brussel Airlines.
Секоја година дел од нивните авиони добива посебно „руво“. Досега патниците имаа можност да патуваат со авион насликан со Тинтин, авион со надреалистички мотиви на познатиот сликар Рене Магрит, авион со Штрумфови, како и авион со прикази од ренесансните слики на Брејгел.
Сите тие се дел од серијалот „Икони на Белгија“ и морате да признаете дека ова е генијална идеја за туристичка промоција на земјата. Општопознато е дека Белгија го носи епитетот на „земјата на стрипот“: за време на Втората светска војна во Белгија се случила вистинска мала ренесанса на домашната стрип сцена.
Денес, меѓу најпознатите белгиски стрипови се вбројуваат Авантурите на Тинтин, Таличниот Том, Штрумфови и Астерикс, а нивните ликови можете да ги сретнете и по зградите и улиците на белгиските градови.