Речиси секоја трета учесничка во студијата одговорила дека барем еднаш во животот се нашла во ситуација да нема пари да купи производи за хигиена и мора да импровизира за да го помине месецот.
Една жена во текот на својот живот троши осум месечни плати само за трошоци поврзани со производи за лична хигиена и лекарства потребни за проблематичните денови. Жените кои заработуваат минимална плата, за да ги исплатат месечните трошоци наменети за овие производи, треба да работат повеќе од една година, односно точно 1 година и 1,7 месеци.
Вкупно 77 отсто од анкетираните жени и девојки трошат од 101 до 400 денари месечно на производи за хигиена. Понекогаш, 39 проценти од нив купуваат поевтини производи од оние што им се најдобри.
Вкупно 71 процент од анкетираните жени или девојки користат лекарства против болки, а за набавка на истите 64 отсто трошат до 300 денари месечно.
Дури 90 проценти се согласуваат дека треба да има бесплатни производи за менструална хигиена во јавните објекти, а исто толку проценти сметаат дека во јавните тоалети во нашата земја нема услови за безбедно и достоинствено одржување на истата. Од податоците од анкетата произлегува дека во просек жените и девојките трошат по 265,54 денари.
Со оглед на добиените податоци од истражувањето и заклучоците од анализата, главните препораки кои треба да се земат предвид при креирањето на јавни политики и нивното имплементирање, според студијата се целосно ослободување или намалување на данокот на додадена вредност од 18 проценти на 5 проценти на производите за лична хигиена. Во поглед на економскиот статус, повеќе од половината (56 отсто) се вработени, 27 проценти се во образовен процес (ученици или студенти), 10 проценти се моментално невработени, а помалку од 2 проценти се изјасниле како домаќин/ка. Просечната возраст на примерокот е 28 години.
Извор: 360stepeni.mk