Средношколците од средните училишта АСУЦ „Боро Петрушевски" и СУГС „Владо Тасевски" од Скопје имаа едномесечна пракса во компании во Севилја, Шпанија, од каде се вратија со поголемо професионално и практично искуство.
Посетата им овозможува на 360 ученици од стручните средни училишта од земјите (Албанија, Косово, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија) да реализираат едномесечна пракса во странство.
Проектот има за цел да ги зајакне техничките и професионалните вештини на учениците од средните стручни училишта преку имплементација на стекнатото теоретско знаење во реална работна средина во согласност со нивната струка. Сето ова придонесува да се развијат нивните индивидуални квалификации и можноста за понатамошно вработување.
Следните две ученички пракси во странство во рамките на овој проект ќе се одржат во Лион, Франција во периодот од 15 февруари до 15 март 2022 и во Болоња, Италија во јуни 2022.
– Рокот за пријавување за Лион е до 17 ноември 2021 година, а сите заинтересирани ученици повеќе информации може да најдат во повикот со сите информации за условите за реализација на праксата, по што може да започнете го процесот на аплицирање, информираа од Националниот центар за развој на иновации и претприемничко учење.