Јапонски машиновозач го тужел својот работодавец за кратење на 56 јени (26, 39 денари) од платата како казна затоа што неговиот воз каснел една минута, објави компанијата
Претходно оваа година, возачот ја тужел Западна Јапонска железничка компанија (JR West), една од водечките јапонски железнички компании, која му ја укинала казната за професионално недолично однесување извршено во јуни 2020 година, пишува весникот Yomiuri Shimbun.
Машиновозачот бара од компанијата да му плати 2,2 милиони јени (1,036,793 денари) како компензација со камата за моралната штета што му била нанесена со паричната казна.
Грешката се случила кога машиновозачот требало да го премести својот празен воз до последната пруга на станицата Окајама во западна Јапонија, но тој се збунил и го оставил возот на платформата.
Поради таа збрка, тој задоцнил една минута во пристигнувањето.
Од компанијата сметаат дека е оправдано да се казни вработениот за пропустот, но овој размислувал поинаку и објаснува дека доцнењето е предизвикано од полесна човечка грешка.
Ефикасни и точни
Јапонскиот железнички систем во светот редовно се истакнува како пример за беспрекорна ефикасност и точност.
Во 2017 година светските медиуми на насловните страници објавија дека железничкиот оператор искрено и се извини на јавноста за „огромната неволја“ што ја предизвика бидејќи возот тргнал 20 секунди пред време.