Tри седмици по ред во еден од македонските градови нема заразен со коронавирусот
Станува збор за Дебар. Во градот и околината заедно со Центар Жупа од 19 октомври не е регистриран нов случај на ковид-19. Последните два случаи се регистрирани на 19 октомври, а во текот на тој месец имало само четири случаи. Претходниот месец, во септември, како што јавува МИА, имало 112 позитивни лица, а во август вкупно 357 случаи. Во моментов нема активни случаи. Но, од локалниот Центар за јавно здравје, за трите случаи кои фигурираат во билтенот на Институтот за јавно здравје нагласуваат дека трите лица оздравеле.
Инаку, во државата, во петокот и саботата аплицирани се вкупно 4.684 дози вакцини, од кои 1.133 се аплицирани како прва доза, 916 се ревакцинирани, а 2.635 граѓани примиле трета доза вакцина. Во земјава пона четвртиот бран.