Повторно е планирана традиционалната новогодишна ноќ на Тајмс Сквер, во присуство на стотици илјади луѓе кои ќе треба да имаат доказ за вакцинација против Ковид-19, најави градоначалникот Бил де Блазио.
„ Со гордост објавуваме дека на Тајмс Сквер оваа година како и секоја година ќе има прекрасна прослава, со познатата кристална топка, означувајќи го крајот на старата и почетокот на Новата година. Ќе биде неверојатно“, рече Де Блазио во онлајн обраќањето.
Новогодишната прослава на Тајмс Сквер, можеби најпознатиот јавен собир во градот, лани се одржа со социјално дистанцирање среде минатогодишната пандемија, а забавувачите, вклучително и Џенифер Лопез, настапуваа зад полициските барикади пред мали групи вработени во приоритетните служби.