МТЕЛ, членка на Телеком Србија групацијата почна со работа на македонскиот телекомуникациски пазар, со продажен салон во Скопје со понуда за сателитска телевизија. Амбициите на групацијата, како што најави раководството, е од следната година да нудат и телекомуникациски услуги и дигитални сервиси.
Генералниот директор на Телеком Србија Владимир Лукиќ најави новини и пресврт на телекомуникацскиот пазар во државава.
По првиот сервис со којшто ќе стартуваме – сателитска телевизија, од следната година планираме да се прошириме и во сегментот на мобилната телефонија, рече Лукиќ на прес-конференција.
Компанијата веќе обезбедуваат услуги за повеќе од 11 милиони претплатници во регионот и Европа. Македонија во однос на телекомуникациите е исклучително напредната и на отворањето на подружницата на Телеком Србија гледаме како предизвик во којшто ќе го вложиме искуството и знаењето стекнати преку нашите делови активности во Србија, БиХ и Црна Гора, посочи Лукиќ.
Марко Лопичиќ, извршен директор на МТЕЛ, потенцираше дека стартуваат со понуда за врвна сателитска телевизија, а на љубителите на добрата телевизиска програма, како што рече, им нудат најдобар избор на телевизиски канали и ексклузивна содржина.
Понудата е внимателно избрана и класифицирана во три исклучително поволни пакети кои вклучуваат повеќе од 150 канали. Уверени сме дека таквата понуда која што ги содржи најквалитетните спортски содржини на каналите Арена Спорт, потоа врвни филмски и сериски програми на Супер Стар каналите, понуда на сите македонски национални телевизии, Пинк каналите, како и одличен избор на документарни, музички и детски канали ќе прерасне во омилен телевизиски избор на граѓаните во Македонија, реќе Лопичиќ.