Сојузот на синдикатите на Македонија реагира на изјавата на министерот за здравство Венко Филипче за тестирање за Ковид-19 на невакцинираните вработени во јавниот сектор и тоа на нивен трошок, како и на истоветниот предлог на Стопанската комора на Македонија за вработените во приватниот сектор.
Оттаму велат дека се залагаат за поголема информираност на вработените за научните сознанија , предност и бенефит од имунизацијата против Ковид 19, со целосно почитување на правото на секој човек самостојно да одлучува за своето здравје.
Во оваа насока укажуваме на препораката на Парламентарното собрание на Советот на Европа во која е недвосмислено наведено дека никој не може да биде дискриминиран затоа што не е вакциниран. Дополнително во Резулицијата 2361 од 28 јануари 2021 година во членот 731 се вели: ′′Осигурајте се дека граѓаните се информирани дека вакцинацијата не е задолжителна и дека никој не е под политички, социјален или друг притисок за да се вакцинира ако тој или таа не сака лично да го стори тоа′′.
Вакцинацијата треба и мора да биде резултат на личната определба на работниците и граѓаните и истата не може и не смее да се спроведува со уцени или присила. Процесот на имунизација не смее да се спроведува на штета на елементарните права на граѓаните гарантирани со Уставот, меѓународните конвенции и закони и против вољата на поединецот.
Целиот текст е на vecer.press