Македонија е светски шампион во „Counter-Strike:Global Offensive“, откако во финалето на 13. Е-Светското првенство што се одржува во Израел нашиот тим ја совлада Романија
Македонија до историскиот успех дојде со помош на Александар “CacaNito” Ќулукоски, Кристијан “fodor” Поповски, Јане “aidKiT” Апостолоски, Дамјан “kyxsan” Стоилковски и Павле “stYleEeZ” Стојановски.
– Беше одличен турнир, тежок турнир, со многу неизвесности, но на крај успеавме. Благодарам на поддршката, изјави по финалето охриѓанецот Александар “CacaNito” Ќулукоски за Охрид њуз.