Во пресрет на најголемиот шопинг настан Black Friday, Рамстор мол на сите шопинг зависници им овозможи попусти до 80%, кои ќе траат цела недела од 22.11 до 28.11, информираат од таму.
„На 26.11, на официјалниот ден на Black Friday ви приредуваме уште едно изненадување каде што од 14ч до 18ч, со секоја сметка од 1.000 денари направена во која било продавница во трговскиот центар, вклучувајќи го и маркетот, имате можност да добиете ваучер кој подоцна можете да го искористите за пазарување во Рамстор маркетите. Затоа, во периодот на оваа недела, не планирајте ништо друго освен супер шопинг, и не заборавајте да ги почитуваме препораките за заштита од коронавирусот, да се однесуваме одговорно и заедно да уживаме во најдобриот шопинг во градот,“ се вели во соопштението.
Во моментов РАМСТОР вработува кандидати за следните позиции Продажен персонал - Охрид, Главен сметководител, Асистент специјалист за човечки ресурси, Продавачи на деликатес и риба - Гостивар, Продажен персонал - Aeродром, Тафталиџе, Центар, Специјалист за управување и постапување со отпад, Магационер и Помошник во погон за месо