Србија ќе ја зголеми финансиската поддршка за првородено дете и таа ќе изнесува 2.550 евра, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ претставувајќи ги новите демографски мерки.
Србија ќе ја зголеми финансиската поддршка за првородено дете и таа ќе изнесува 2.550 евра, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ претставувајќи ги новите демографски мерки. Досега помошта за првородено бебе беше 850 евра.
На прес - конференцијата Вучиќ рече дека се договорени мерки за поттикнување на наталитетот во Србија како дел од демографска политика. Освен финансиската помош, ќе има и други мерки, најави српскиот претседател.
Тој најави и зголемување на помошта за второ дете, која сега изнесува по 85 евра месечно во траење од две години. Тие што имаат трето и четврто дете помош од државата добиваат 10 години.
Ќе има и мерки за студентите кои сакаат да станат родители а не мора да паузираат со факултетот. Се разговарало и за мерките за помош за купување стан.
Државата со неповратни средства ќе помага при купување станови, а правото на сопственост го има мајката. Ќе даваме меѓу 10.000 до 20.000 евра, со цел да ги мотивираме младите да ги напуштат домовите на нивните родители, бидејќи ако седат до 40 години со родителите, мали се шансите да основаат семејство.
Вучиќ посочи дека само мерката за зголемување на помошта за првороденото ја чини државата 5,7 милијарди динари, односно 50 милиони евра годишно.