Град Скопје ќе додели два милиона денари за семејствата на загинатите од Скопје во автобуската несреќа пред два дена во Бугарија.
На предлог на градоначалничката, Советот на Град Скопје на својата наредна седница ќе одлучува за доделување парична помош во знак на солидарност кон семејствата и почит кон настраданите.
– Уште еднаш изразуваме длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите, а на повредените им пожелува побрзо закрепнување, информира Град Скопје.
Извор: lokalno.mk