Агенцијата за електронски комуникации на почетокот од месецот ја стартуваше постапката за објава на тендер со којшто ќе додели одобренија за користење на радиофрекфенции за петтатата мобилна генерација 5Г.
Нашата земја ќе биде првата во регионот со воведување на овие фреквенции, а економски бенефит ќе има стопанството, како и буџетот на земјата.
„Бенефитот е повеќестран како развој на целокупната економија во сите области, внесување на свежи средства во буџетот, можни нови вработувања во случај на влез на нов оператор на пазарот, вработувања во вертикалната индустрија итн. Во регионот 5Г не е воведен во државите од Западен Балкан, така што со успешно спроведена постапка ние би биле права држава од оваа група на држави кои ќе воведат 5Г“, гласи одговорот од АЕК.
Станува збор за повик за три фреквенциски опсези, односно Агенцијата планира да додели три одобренија за користење на радиофреквенции во опсегот 700 MHz, седум одобренија за користење на радиофреквенции во опсегот 3.x GHz и четири одобренија за користење на радиофреквенции во опсегот 26 GHz.
Конкретно, планот е до крајот на 2023 година Скопје да биде покриен со 5Г сигнал, а до крајот на 2029 година секој граѓанин да има можност за пристап до интернет преку 5G со минимална брзина на пристап до интернет од најмалку 100 Mbps.
Со воведувањето на овие фреквенции, се очекува поставилни електронски комуникациски мрежи, користење на нови богати медиумски содржини, апликации, нови иновативни услуги прилагодливи за различни платформи.
Се претпоставува дека овие мобилните мрежи и технологии овозможуваат реорганизација на процесите за производство и работа и кај деловниот сектор и кај администрацијата, или индиректоно побрз развој на економијата и на знаењето.
Извор: faktor.mk