Во вторник, на владина седница, ќе биде предложена нова мерка, а тоа е стимулација на матичните лекари.
Министерот за здравство вели дека во последниве неколку дена се разгледуваат мерки за невакцинираните лица кои нема да ги загрозуваат работните места на граѓаните. Во вторник, на владина седница, ќе биде предложена нова мерка, а тоа е стимулација на матичните лекари.
„Свесен сум дека ова беа едни од најтешките предложени мерки бидејќи допираа во работните односи и затоа сега ќе разгледуваме слични мерки кои нема да загрозуваат нечие работно место, а ќе бидат стимулација за вакцинација и затоа интензивно истражувавме во изминативе 2-3 дена“, рече Министерот.
Предлогот е матичните лекари да бидат финансики стимулирани, односно кога ќе надминат 70 посто вакцинација на своите пациенти да бидат наградени со 30 денари по пациент, од вкупниот број пациенти запишани кај нив. Тоа е предлог - мерка за која ќе се дискутира во вторник.
Извор: denar.mk