1. Министерството за одбрана има потреба од вработување на 1 (еден) посебен советник во кабинетот на министерката за одбрана.
Кандидатот треба да ги исполнува следните општи услови:
да е државјанин на Република Македонија,
да има општа здравствена способност,
со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Кандидатот покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:
да има завршено најмалку високо образование VII/1 или студии со стекнати 240 кредити ЕКТС од областа на Општествените науки или Економските науки,
да има најмалку 2 две) години работно искуство.
Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат наведените услови.
Кандидатот кон пријавата треба да ги достави доказите за исполнување на условите наведени во јавниот оглас, во оригинална форма или копија заверена кај нотар и тоа:
Доказ за државјанство на Република Македонија,
Доказ за општа здравствена способност за работното место,
Доказ со правосилна судска пресуда дека не му е изречена казна забрана на вршење професија,
дејност или должност,
Уверение - диплома за завршен степен на образование,
Доказ за работно искуство и
Кратка биографија.
Распоред на работно време:
работни часови во неделата: 40;
работно време од 08:30 до 16:30;
работни денови од понеделник до петок.
Како посебни услови за работата во кабинетот се предвидуваат: работа за време на неделен одмор, работа за време на празници утврдени со закон, заради извршување на итни и неодложни работи.
Паричен износ на основната нето плата изнесува од 35.000 денари до 50.000 денари.
Со избраниот кандидат ќе се склучи договор за вработување на определено време.
Вработувањето на советникот трае најдолго до истекот на мандатот на министерката за одбрана на Република Македонија.
Рокот за доставувањето на пријавите со потребните документи изнесува 5 (пет) дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
ЛИНК ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ И АПЛЛИЦИРАЊЕ
Нето плата од 35.000 до 50.000 денари: Вработување во Министерството за одбрана
Members
-
Големината на рацете открива многу за вас, еве и што
Веројатно не сте размислувале за тоа, но големината на вашите раце открива многу за вас.
-
Мали трикови за добро CV: Еве како да го спремите вашето за Регионалниот саем за вработување!
Привршуваат последните подготовки за Најголемиот онлајн регионален саем за вработување! А дали вие дали сте во потрага по нова работа или можеби сакате мотивација и промена на веќе постоечката? Еве како да се пријавите на огласите на саемот!
-
Три најчести причини поради кои не сте повикани на второ интервју
Првото интервју помина одлично, а потоа не ве викаат на второ – знаете ли зошто?
-
Кој е најпосакуван работодавач во Македонија?
Сакаме да слушнеме што го привлекува вашето внимание и ве тера да кажете: „Ова е местото каде што сакам да работам!“
-
Се чувствувате недоволно платено? Моја Плата е ваш сојузник во преговорите за покачување!
Со алатката за плати Moja Plata откријте ја вашата вредност на пазарот на трудот и обезбедете поповолни услови кога преговарате за плата со постојните или идните работодавачи.
-
Најубавите приказни се со луѓе кои се чувствуваат безбедно, ценето и наградено - Станете дел од тимот на Рептил!
Рептил постои на пазарот од 1996 година и важи за компанија која заслужено може да се пофали со континуиран пораст на пазарот.