Брендот Ambar потекнува од Измир од далечната 1995 година
Главна карактеристика на овој бренд е високиот квалитет и пристапните цени. Од 1995 година, па до денес успева да се прошири низ цела Турција и денес има 88 продавници и преку 1300 вработени. Од 2019 брендот Ambar е достапен и во нашата држава и тоа на повеќе локации - во центарот на Скопје во Гостивар и во Струга. За брендот, тимот, визијата на компанијата поразговаравме со Сагири Шенер, Генерален Менаџер на Амбар Македонија
Амбар е бренд од Турција чија стратегија е висок квалитет и пристапни цени. Од каде потекна идејата и желбата да донесете бренд како Амбар во Македонија?
⁃ Првиот контакт со брендот Амбар беше на еден летен одмор на еден од најубавите туристички дестинации во Турција. Она што првично не освои беше богатиот избор што Амбар го нудеше, како и естетиката на продавницата и амбиентот што го имаше внатре. Следно што многу пријатно не изненади беа пристапните цени на производите. Нашето претходно 30 годишно фамилијарно искуство во текстилната индустрија ни помогна за да можеме да го започнеме овој сон.
На колку локации може да се најдат продавниците на Амбар во Македонија?
⁃ Денес Амбар работи на 4 локации од кои 2 во центарот на Скопје, 1 во Гостивар и 1 во Струга, а од почетокот на 2022 година ќе може да не посетите и во Центарот на Тетово.
Кажете ни нешто повеќе за вашиот тим? Колку вработени има Амбар и дали беше тешко да се формира и обучи таков тим?
⁃ Моментално Амбар има вкупно 36 вработени од кои 16 се вработени во нашиот главен магацин, другите се вработени во продавниците на Амбар. За разлика од сите други компании ние одлучивме да примаме вработени без претходно релевантно искуство, кои имаат желба да научат нешто повеќе и од таа причина не практикувавме да примаме искусни вработени. Нашата интенција е да го пренесеме нашиот принцип на работа од почеток до крај на нашите вработени, нудиме можности за напредок на нашите вработени или ре-позиционирање според нивните способности, одржуваме обуки и континуирано ги обучуваме сите наши вработени кои ние ги нарекуваме Друштво :)
- Во моменталната екипа имаме неколку вработени кои се заедно со нас скоро од почетокот на нашата приказна, а исто така повеќето од нив се подолго од 1 година заедно со нас и сите тие постојано напредуваат на повисоки позиции и се незаменливи за нас. Секогаш било тешко да се обучи и да се формира тим кој што ќе има ист поглед кон работата и кој што ќе трча заедно за успех во работата, но нашата екипа е формирана од млади луѓе кои може брзо да се разберат меѓусебно и динамично да ги извршат обврските.
Како Амбар се грижи за своите вработени?
⁃ За секој нов вработен одредуваме тест период каде анализираме од надвор кои се способностите односно на која позиција би функционирале подобро со тоа што потоа одредуваме 3+3 месечна обука каде се обучуваат за повеќе позиции, но најмногу за позицијата каде што ќе предвидиме дека ќе биде најдобро за вработениот и за компанијата. По завршувањето на обуката почнува новата приказна на позицијата, но не застануваме тука и на кандидатите им оставаме отворена врата доколку имаат желба да побараат да напредуваат на повисока позиција или им е потребна дополнителна обука. Имаме флексибилна и пријатна работна атмосфера каде вработените имаат можност да се дружат, а истовремено да работат.
Кои квалификации ви се најбитни кај еден вработен кој би сакал да стане дел од Амбар?
Пред се, најважна ни е желбата за учење, динамичноста, флексибилноста и комуникативноста на кандидатите.
Дали планирате проширување на тимот и нови вработувања, или можеби отворање на нови продавници во Скопје и низ Македонија?
⁃ Ние сме се уште на почетокот од реализацијата на нашите идеи програма. Визијата на Амбар е да функционираме преку 10-12 продавници во Македонија од кои 3-4 во Скопје, а другите низ цела Македонија. Нашите идеи не се ограничуваат со нашите граници, имаме план и да се прошириме низ целиот Балкан, односно Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Албанија.
Во моментов АМБАР има потреба од ПРОДАЖЕН АСИСТЕНТ - Локација Скопје / Плоштад