Дали пред носењето на законот што треба да стапи на сила од утре, дека кој сака кеса во маркет ќе треба да плати 15 денари за неа, некој ги слушна производителите на кеси?
Оние кои имаат фабрики за кеси, во кои работат илјадници луѓе (што значи од таму живеат илјадници семејства), дали се подготвени на ваков категоричен рез од 1 декември? Колку производители ќе мора да стават клуч на врата?!
На ниту едно од овие прашања деновиве не слушнавме одговор од надлежните. Тоа може да значи дека воопшто никој не се се позанимавал со консултации со производителите на кеси, односно, како за многу нешта, властите трчаат да ги усогласат стандардите со оние на ЕУ, иако ни од далеку не сме подготвени за тоа.
Веројатно никој во Македонија не се сложува со загадување на околината со пластичните кеси, и секако треба да излезат од употреба, но како ќе се надомести ударот на производителите? Одговор нема.
-За жал производителите воопшто не се подготвени за производство на биоразградливи кеси бидејќи законот излезе во сужбен весник на 16/9/2021 а треба да почне примена од 01/12/2021 година, без известување, консултација и работни групи од страна на прозиводителите на пластични кеси, велат за дел од медиумите од Групација на производители и преработувачи на пластични маси при Сојуз на стопански комори на Македонија.
Инаку, целта на Законот кој почнува од утре е да ги одврати корисниците од употреба на кеси за еднократна корист и да ја стимулира нивната повеќекратна намена заснована врз принципот „загадувачот плаќа“.
Производителите тврдат дека во ниедна европска земја нема имплементација на ваков ригорозен закон, дека сите кеси треба да бидат биоразградливи, како што е донесен во нашата земја.
Извор: skopskoeho.mk