Невработените велат дека кај нас тешко оди наоѓањето работа по струка.
Честопати невработените се во дилема дали да продолжат да бараат исклучиво работа по струка или да работат било што. Младите кои штотуку дипломирале имаат високи очекувања во однос на вработувањето и работната позиција, и бараат работа по струка. Доколку по извесно време не успеат да се вработат по струка, да бараат друга работа со која ќе стекнат искуство.
Девојка која завршила политички науки, а се преквалификувала и стана фризерка од љубов кон професијата и ужива во тоа што го работи. Кај нас луѓето кои имаат над 40 години доколку не стекнале некое претходно работно искуство, имаат потешкотии да најдат работа. Доколку поединецот е неактивен долго време тој ги губи работните навики. За дел од профилите е лесно, а за некои многу потешко се наоѓа работа по струка поради хиперпродукција на кадри на пазарот на труд.
Кој колку брзо ќе најде работа е идивидуално и зависи најчесто од образованието. Дали некој ќе чека работа по струка или ќе работи било што зависи од него самиот и не може да се генерализира. Зависи дали тоа лице може да издржи подолго време без работа или има потреба од средства за егзистенција. Некогаш луѓето не прифаќаат работа затоа што не се задоволни од висината на платата или пак пребираат работни места. Има различни примери. Во секој случај, не треба да се чека многу долго, затоа што ако поминат години и години, ќе биде многу тешко да се најде работа
Во земјава постои голем јаз меѓу понудата и побарувачката на пазарот на труд, а според некои проценки кои беа соопштени изминативе години, само 12 од 100 студенти што се запишале на факултет ќе најдат работа во согласност со своите вештини и знаења.