И покрај високата стапка за невработеност, во Босна и Херцеговина никој не сака работа во овоштарството кадешто дневниците достигнуваат до 80 конвертабилни марки (40 евра), па затоа земјата е приморана да увезува работна сила од Србија, Бугарија и Романија.
Според Драгоја Дојчиновиќ – Претседател на Здружение на овоштари во РС, проблемот не се однесува само на сезонски работници, туку и на работници за постојан работен однос.
Луѓето почнаа да бегаат од фирми, а камо ли од овоштарство и земјоделство бидејќи сите сакаат да одат надвор, тоа е главна цел особено на младите“ – вели Дојчиновиќ за Nezavisne.
Тој вели дека најголем проблем имаат во пролет и токму тогаш извезуваат работници од странство.
Во текот на целата година имаме потреба од сезонски работници, а најмногу во пролетниот период. Обично ги ангажираме постарите луѓе и пензионерите бидејќи нашите млади не сакаат да работат таква работа без оглед на тоа што дневницата достигнува до 40 евра. – вели Дојчиновиќ.
Тој истакнува дека работата не е тешка како некогаш бидејќи поголем дел од работните процеси се механизирани. Сезонските работници работат три месеци на пролет и три на есен, а работници доаѓаат од секаде: Србија, Бугарија па дури и Романија. Во оваа, а и во следните години ќе се увезуваат уште поголем број на работници за да се задоволи побарувачката.
Сепак, не секој може да ја работи оваа работа бидејќи како што соопштуваат одтаму, се работи од од 7 наутро до 7 навечер, но работниците добиваат доручек, ручек и кафе.