EДУКАТИВНИОТ ЦЕНТАР НА ПИВАРА СКОПЈЕ ВЕ ПОКАНУВА НА 81ВАТА ОБУКА „ВЕШТИНИ ЗА УСПЕХ“ КОЈА ЌЕ СЕ ОДРЖИ ON-LINE
Што ќе научам?
Преку конкретни чекори, интерактивни дискусии и преку размислувања во поглед на вештините за живот и вештините за водење бизнис, обуката „Вештини за успех” е создадена за да поттикне дополнителен напор за подобри резултати во барањето работа, отвореност за учење, нови искуства и страст во постигнување исклучителни резултати.
Животни вештини (јас и другите)
- Модул 1 – Разбирање и развој на себе
- Модул 2 – Интеракција и вмрежување со другите
- Модул 3 – Фидбек
- Модул 4 – Себе претставување
Бизнис вештини (јас и работата)
- Модул 1 – Управување со проекти
- Модул 2 – Управување со време
- Модул 3 – Деловно планирање
- Модул 4 – Преговарање
- Модул 5 – Финансиска писменост
- Модул 6 – Продажни вештини
АПЛИЦИРАЈ ВЕДНАШ
Која е целта на оваа обука?
Целта на обуката е кај учесниците да се поттикне самодоверба, самопочит и воспоставување врски со релевантни ментори. Со оваа програма го охрабруваме вработувањето и претприемачката култура и ги мотивираме младите да ја земат иднината во свои раце.
Колку време трае обуката?
Обуката е со времетраење од 3 дена и ќе се одвива на 15.12, 16.12 и 17.12.2021, од 18 до 20 часот, on-line во живо преку линк кој ќе ви биде испратен на вашата е-маил адреса по вашата регистрација за учество во обуката.
Кој ја реализира наставата?
Наставата е реализирана од нашиот партнер Мотива Доо Скопје, која е високопрофесионална и компетентна компанија во областа на деловната едукација.
Како да се пријавам?
За повеќе информации и пријавување јавете се на: 02 3061 114, 02 3061 834 и 070 358 680, Едукативен центар на Пивара Скопје – Мотивa Доо Скопје или на следниот линк.
До кога треба да се пријавам?
Рокот за пријавување е до 14.12.2021 (вторник) до 15:00 часот.
Ве очекуваме заедно да го изодиме патот до успехот!