Многу родители објавуваат фотографии и видео снимки од нивните деца на социјалните мрежи бидејќи се горди на нив или сакаат да останат поврзани со пријателите и роднините.
Социјалните мрежи се корисни за да добиете некој совет, но и да согледате дека не сте сами. Сепак, има неколку причини зошто не треба да објавувате фотографии од вашите деца.
Ја нарушувате приватноста на вашето дете
Иако малите деца можеби не размислуваат за тоа што нивните родители споделуваат за нив на социјалните мрежи, тоа нема да биде случај кога ќе пораснат. Децата на 5-годишна возраст почнуваат да развиваат чувство за себе како поединец и за тоа како ги доживува остатокот од светот. Се грижат за нивната приватност, па можеби ќе се налутат ако ги фотографирате додека кажуваат нешто смешно.
Привлекувате опасни луѓе
Фотографиите и видео снимките кои нивните родители ги споделуваат на социјалните мрежи се појавуваат на dark web и се злоупотребуваат. Ова не се случува толку ретко како што мислите. Според австралиски комесар за онлајн безбедност на деца, еден сајт понудил најмалку 45 милиони фотографии на деца од целиот свет. Фотографиите биле украдени од профили на родителите.
Опасност од дигитално киднапирање
Дигитално киднапирање е еден вид кражба на идентитет. Тоа се случува кога некој го фотографира детето, потоа таа слика се краде од социјалните мрежи и на детето му се дава ново име и идентитет. Потоа, тие луѓе тврдат дека детето е нивно. Имаше многу примери во последните години, вклучувајќи го инцидентот од 2015 година во кој странец украл фотографија од 18-месечно бебе од Facebook страница на блогерка и ја објавил на неговиот Facebook профил, при што детето го претставил како негов син.
Ако сакате да споделувате фотографии од вашите деца, ограничете го бројот на пријатели и следачи на социјалните мрежи т.е прифаќајте луѓе што ги познавате.