Италијанец кој сакал потврда за имунизација против корона вирусот, но без да ја прими вакцината, се појавил на контролниот пункт со лажна рака, велат властите.
Човек на возраст од педесет години дошол на вакцинација со силиконски калап што му ја покривал десната рака, надевајќи се дека тоа ќе помине незабележано. Но, тоа не ја измамило медицинската сестра и бил пријавен во полиција. Медицинската сестра за локалните медиуми изјавила дека почувствувала дека неговата кожа е „гумена и студена“ кога му го засукала ракавот и дека пигментот бил „премногу светол“. Откако бил разоткриен, мажот се обидел да ја убеди медицинската сестра да не го пријавува во полиција.
„Овој случај би бил смешен, да не беше потег што носи огромна тежина“, рече Алберт Сирио, претседател на регионалната влада на Пиемонт.
Тој додаде дека оваа итрина е „неприфатлива со оглед на жртвата што ја плати целото општество во Италија за време на пандемијата, во однос на човечките животи, како и социјалните и економските трошоци“.
Во објава на Твитер, цитиран од весникот La Repubblica, е претставен силиконски машки костум кој се носи на горниот дел од телото - заедно со лажни раце и врат, а се продавал на веб-страницата на Амазон за 488 евра.
Од август, на Италијанците им треба „зелена карта за ковид“ за пристап до железничките станици, кина, ресторани, спортски сали и базени, што служи како доказ за вакцинација, негативен тест или вирус.
Сепак, овие активности ќе бидат ограничени само на оние со „супер зелена пропусница“, која е достапна само за граѓаните кои биле вакцинирани или неодамна закрепнале од коронавирусот.
Новите правила во последните недели предизвикаа протести во неколку италијански градови.
Нешто повеќе од 73% од Италијанците се целосно вакцинирани против коронавирусот - поголем број отколку во Франција и Велика Британија, но помал отколку во Шпанија и Португалија.