Водечките кинески производители на батерии следната година најверојатно ќе ја зголемат цената на своите производи за 20 проценти, објави денеска шангајскиот економски портал Јицаи Глобал.
Порталот наведува дека и најголемиот кинески производител на литиумско-јонски батерии „Контемпрари амперекс технолоџи“ (Contemporary Amperex Technology) нема да биде исклучок.
Зголемувањето на цените на батериите е поради високата цена на материјалите за литиумските батерии.
Најверојатни повисоките цени на батериите ќе влијаат и врз цената на електричните автомобили.
Во Кина годинава производството на батерии е зголемено за над 50 проценти. Поголемиот број од компаниите продолжуваат да ги одржуваат цените на претходното ниво, согласно договорите склучени на почетокот на годината.