Една третина од вработените во Обединетото Кралство изјавиле дека работодавачите ги следат на еден или друг начин, дури и кога се дома
Британскиот синдикат „Проспект“ повика на итно воведување мерки за заштита на вработените од нарушување на приватноста, што голем број на истражувања повеќе компании во земјата.
Поконкретно, дури третина од вработените изјавиле дека на овој или оној начин се следени, дури и кога се во своите домови. Затоа, им треба одредена заштита која „Проспект“ би можел да им ја обезбеди преку овој притисок бидејќи е синдикат составен од инженери, менаџери, научници и други експерти од јавниот и приватниот сектор. Синдикатот има вкупно околу 150.000 членови.
Ќе биде голем успех доколку се воведат одредени регулативи по ова прашање, бидејќи компаниите не мируваат, односно од 24% надгледувани вработени во април, сега овој процент е зголемен на 32%.
Камерите се најчестиот облик на контрола и следење на 13 отсто од вработените на далечина, што е повеќе од 5 отсто споредено со периодот од пред шест месеци. Почесто се следат помладите вработени, односно 48 отсто од оние на возраст од 18 до 34 години.
Новите технологии на вработените им овозможуваат работа на далечина, но и на компаниите им нудат и алатки за следење на она што го прават. Компаниите на голема врата ги имплементираат овие алатки, под изговор дека сакаат да бидат сигурни дека нивните вработени се на работното место, иако продуктивноста и резултатите би требало да бидат нивно единственото мерило.
За среќа, има активисти, невладини организации и синдикати кои ќе направат се што е во нивна моќ да го запрат овој тренд, а можеби ќе успеат и да ги заштитат работничките права.
„Технологијата ни помогна многу во секојдневниот живот, особено за време на пандемијата, но сега сме сведоци на застрашувачки тренд и мораме да го спречиме бидејќи целта е технологијата да работи за нас, а не против нас, како што можеме да видиме во овој пример“, изјави заменикот на генералнит секретар на Проспект, Ендрју Пајкс.