
ЈСП информира дека утре, среда (8.12.2021 година) кој е неработен ден поради државниот празник „Св.Климент Охридски“, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.
Дежурни ќе бидат три билетарници, од 7 до 19.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче, а отворена од 7 до 13 часот ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.