Како резултат на инвестицискиот раст на „Рамстор“ супермаркетите, во Гостивар, се отвори до сега најмодерниот маркет од овој бренд кој е конципиран по најсовремени светски стандарди.
На површина од 1.400 м2 продажна површина новиот простор на „Рамстор“ супермаркетот ќе ги понуди сите неопходни содржини за да ги задоволи критериумите на реномиран високоснабден супер-маркет
За услугата се грижи тим од вкупно 25 вработени, а потрошувачите имаат на располагање 4 наплатни каси. Пред објектот е обезбеден паркинг - простор за 80 возила.
Со отворањето на овој ултра модерен супермаркет лоциран во Гостивар, „Рамстор“ воведува сосема нов, иновативен концепт на уредување на продажниот простор со кој суштински ќе го смени искуството на своите потрошувачи и перцепцијата за тоа што е модерен супермаркет.
Новиот начин на презентација на производите во Рамстор супермаркетот во Гостивар по примерот на водечките светски брендови се базира на тематско изложување на производите и нивното врзување за одреден атрактивен коцепт, со што повеќекратно ќе биде зголемено естетското, визуелното и конзумерско искуство на посетителите на маркетот.
„Ние предвидувајќи го овој задоволителен развој инвестиравме тука и ќе продолжиме со нашиот придонес кон урбанизацијата и додавањето вредност на брендот ‘Рамстор’ во градовите во кои постоиме. Отворањето на маркетот во Гостивар претставува одговор на барањата на нашите ценети потрошувачи кои се лојални на ‘Рамстор’, благодарение на нашиот висок квалитет, конкурентни цени, широк асортиман на прехранбени и непрехранбени производи, модерно работење кое ги следи светските трендови и беспрекорната услуга на нашите вработени што не прави поразлични од другите“.
„Рамстор“ маркетите се помеѓу првите супермаркети кои го воведоа НАССР системот за гарантирање на безбедноста на храната како и првиот маркет кој воведе стандард за квалитет ИСО 22000. Она што е важно е додека на потрошувачите им се нуди целосно нов свет на пазарување и пријатно искуство, истовремено треба да се обезбеди трајна доверба во услугите на производите, не само со збор туку со контрола на нивниот квалитет.
Крајот на оваа година ќе го заокружиме со отворање на уште еден маркет во Охрид (четврт по ред) со тоа што компанијата ќе постигне бројка од 30 маркети а бројот на вработени директни и индиректни ќе се искачи на 1.000 лица”, изјави сопственикот на „Рамсторе Македонија“, Адемоски.
Истиот тренд на ширење дури и поголем компанијата го најавува за следната 2022 година, за отворање на нови маркети во други градови што исто така ќе го пресликуваат новиот амбиентален концепт на „Рамстор“.