За еден месец, гасот поскапел повеќе од 5 отсто, а лебот 3,8 проценти. Податоците ги објави Државниот завод за статистика.
Трошоците за живот се зголемиле. Индексот на трошоците на живот во ноември 2021 година, во однос на ноември 2020 година, бележи зголемување од 4,8 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 6,2 отсто. Пораст на индексите на трошоците на живот во ноември 2021 година, во споредба со претходниот месец, има кај лебот и житото – 3,8 отсто, прехранбените производи, неспоменати на друго место – 2,9 отсто, сирењето и урдата – 2,3 отсто, месото – 2,1 отсто, маслото и маснотиите – 1,9 отсто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи – 1,8 отсто, виното – 1,3 отсто, рибата и морските плодови, пивото – 1,2 отсто, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук – 0,7 отсто и жестоките пијалаци – 0,3 отсто.
Во ноември раст на индексите на трошоците на живот е евидентиран и кај гасот за домаќинствата – 5,8 отсто, туристичките аранжмани – 3,9 отсто, чистењето, поправката и изнајмувањето облека – 3,2 отсто, горивата и мазивата за сопствени превозни средства, информатичката опрема за обработка на податоците – 3,1 отсто, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема – 2,3 отсто, услугите за одржување и поправките на живеалиштето – 2,1 отсто.
Пораст има кај поправките и изнајмувањето на обувките – 2 отсто , парамедицинските услуги – 1,9 отсто, течните горива за домаќинствата, патниот патнички транспорт, фризерските салони и центрите за разубавување – 1,7 тосто, домашните услуги и услугите за домаќинствата – 1,6 отсто, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, рестораните, кафулињата и слично, накитот, часовниците и рачните часовници – 1,3 отсто, мотоциклите, градините, растенијата и цвеќињата – 1,2 отсто, медицинските услуги, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства – 1 отсто, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, услугите за рекреација и спорт, другите апарати и производи за лична хигиена – 0,9 отсто, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, другите лични предмети.
Намалување на индексите на трошоците на живот во ноември 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и кај разладеното овошје – 7 отсто, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови – 0,8 отсто и млекото – 0,3 отсто.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на живот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт – 17,5 отсто, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти – 1,3 отсто, медиумите за снимање – 1,2 отсто, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено – 1 отсто, обувките – 0,7 отсто, големите електрични апарати за домаќинство – 0,2 отсто.