„Рош“ е глобален пионер на полето на фармацијата и дијагностиката насочен кон унапредување на науката заради подобрување на животот на луѓето.
„Рош“ важи за една од најголемите биотехнолошки компании во светот, со вистински диференцирани производи во областа на онкологијата, имунологијата, заразните болести, офталмологијата и болестите на централниот нервен систем.
Групацијата „Рош“ со седиште во Базел, Швајцарија, е активна во повеќе од 100 земји.
Денес, компанијата Рош Македонија ДООЕЛ Скопје е една од водечките фармацевтски компании во нашата држава, настојувајќи да им обезбеди на пациентите пристап до иновативни терапевтски опции и персонализиран третман преку обезбедување на соодветни дијагностички процедури и лекови.
Како партнер на здравствениот систем, Рош се обидува да обезбеди најдобри иновативни решенија за дијагностика и третман преку партнерства и соработка со доктори, фармацевти и други здравствени работници, здравствени власти и установи, професионални здруженија и здруженија на пациенти.
Сега и Вие имате шанса да бидете поблиску до успехот и да ни се придружите во тимот. Во моментот ја имаме следната слободна позиција:
Affiliate Quality Manager
(Менаџер за квалитет)