По препорака на надлежната комисија на епидемиолози во Грција, важноста на потврдата за прележан Ковид-19 во земјата, се намалува од 180 на 90 дена.
Конкретниот амандман веќе е доставен и предвидува потврдата да важи само доколку лицата прележале Ковид-19 во изминатите три месеци.
Од минатата седмица промени има и во однос на начинот на издавање на потврдата.
Министерот за здравство соопшти дека потврдата за прележан Ковид-19 ќе се издава само со направен ПЦР тест, а не со рапид тест како што беше пракса досега.
-Кога некој е позитивен дали со рапид или со селф тест ќе може да влегува во карантин, но за да има потврда за прележана болест ќе треба да направи ПЦР, министерот за здравство на Грција.
Меѓу новите мерки кои важат од минатата недела во Грција се и вакцинација и на децата од пет до 11 години и по еден бесплатен селф тест за сите граѓани, пред и по празниците. Претходно беше донесена одлука вакцинацијата да биде задолжителна за сите лица над 60 години.
Забрана за влез во затворени простори за лицата над 60 години кои не примиле трета доза, а поминале седум месеци од вакцинацијата, што стапува во сила од понеделник и намалување на три од шест месеци на потврдата за прележан Ковид-19 од февруари следната година, се двете нови мерки во Грција, а важат и за посетителите и туристите во земјата, потврди портпаролот на грчката Влада.
Со оглед на тоа дека пракса во Грција е сите мерки да важат за сите, без разлика дали се грчки државјани или туристи, истото ќе важи и сега, а според тоа и за македонските државјани за време на нивниот престој.
– Промените се однесуваат на сите кои се наоѓаат на грчка територија и за двете мерки. Во однос на навршувањето седум месеци за сограѓаните кои се над 60 годишна возраст и немаат примено бустер доза, без разлика дали се грчки граѓани или граѓани на други земји кои во нашата земја се наоѓаат од други причини, важи токму истото. Во однос на потврдата за прележан Ковид-19, од 31 јануари, односно по 1 февруари, им даваме еден неопходен временски период за да се прилагодат и да имаат можност да се вакцинираат, ќе важат токму истите правила и за Грците и за граѓаните на други земји.