„Отсекогаш му се восхитував на татко ми и ја преземав професијата од него, голема чест ми е што можам да му помогнам“.
"Мошне ретко жените се одлучуваат да ја работат оваа професија", вели Дилара Калај (24) од Анталија, Турција, која го завршила универзитетското образование, но се вратила во родната Анталија и го заменила татко ѝ во професијата и почнала да работи како такси - возач.
Дилара појаснува дека завршила факултет за Меѓународна трговска размена, менаџмент и логистика, но откако се вратила во родната Анталија се одлучила да го преземе такси возилото на нејзиниот татко и да го наследи во професијата.
„Студирав на универзитетот во Истанбул. Откако завршив со образованието одлучив да му помогнам на татко ми, кој беше изнемоштен. Од друга страна сакам да се занимавам со козметика, па со парите што ги штедам додека работам овде, во иднина ќе започнам да се занимавам со тоа“ – вели таа.
Оваа девојка работи како такси - возач околу еден месец, но појаснува дека нејзиното семејство на почетокот не ја прифатило добро нејзината одлука, затоа што сметале дека таа професија не е безбедна за неа.
"Сметам дека жените треба да ги има во секоја професија. Како ќерка голема чест ми е што можам да му помогнам на татко ми“ – вели таа.
Сепак, посочува дека поради тоа што е жена, понекогаш мора да ги избира патниците што ќе ги превезува. Понекогаш ѝ се случува да добие и негативни коментари од патниците, а некои од повозрасните жени сакаат да им биде снаа.
За Дилара велат дека е најубавиот такси - возач во Анталија, а таа открива дека секое утро пред да излезе на работа се подготвува околу час и половина.
„Не сакам да се запоставам себеси. Имам стриктна рутина секое утро од маникир до шминка. Сакам да бидам за пример – сакам сите да знаат дека јас сум убава жена и возам такси“ – вели таа.