Министерството за животна средина и просторно планирање го прифатило предлогот на еколошките здруженија да се вгради ваков систем во предлогот на Законот за заштита на животната средина, а ќе се воведе и за пластичните шишиња и лименките за еднократна употреба, рече министерот Андреј Визјак.
Во Словенија, пластичниот отпад од домаќинствата се собира посебно во комунални контејнери. Но, еколошките здруженија се залагаат за систем за кауција за повратно пакување што потрошувачите би ја добиле кога ќе го вратат.
Тие сметаат дека ваквиот начин на отстранување на отпадната пластика би бил поефикасен бидејќи речиси половина од таквото пакување сега не се рециклира.
Се проценува дека околу 10.000 тони пластични шишиња за пијалоци и млеко се фрлаат или таложат во комуналните контејнери годишно, а степенот на посебно собирање на таков материјал треба да се зголеми на 90 отсто до 2029 година, според европската директива. .
Системот на собирање по пат на „кауција“ на ваквото пакување е веќе познат во многу европски земји. Овозможува поефикасно собирање на отпадот, остварување на еколошките цели и отворање нови работни места. Иницијаторите предлагаат кауцијата за пластично шише да биде десет центи.
Здружението смета дека новиот систем треба да се имплементира што е можно поскоро, додека Министерството за животна средина најави дека треба да заживее до 2025 година, пренесоа словенечките медиуми.