Цените во маркетите растат. Расте и загриженоста кај граѓаните до каде сето тоа ќе оди
Загриженост покажа и Владата па реши да ги замрзне цените на основните животни намирници, но дали со тоа се реши проблемот со поскапувањата? Треба ли да биде уште загрижена или безгрижно ќе си се посвети на ветувањата дека сигурно наскоро ќе добиеме датум за датумот за преговори со ЕУ?
Од она што деновиве се гледа по рафтовите на продавниците и што на касите го плаќаат потрошувачите проблемот, очигледно, не е решен. Не станува збор дека се изигрува замрзнувањето на цените на лебот, шеќерот, брашното и се што замзнува Владата. Очигледно е при обично паазарење во маркет дека на ред да поскапат дојдоа други производи.
Под наметката на „кризно време“ сега граѓаните треба да ги плаќаат речиси сите производи поскапо за десет до дваесет процент. Дали баш сите производи ги здрма кризата? Струјата уште не е поскапена, а се намали малку и цената на горивата…
За време на криза не е во ред и не е чесно кон купувачите да се поскапуваат производи кои и не мора да се поскапат. Трговците и производителите треба да се замислат околу деловниот, но пред се човечкиот морал кој сега треба да го покажат.