
Зимската сезона започна па многумина ќе заминат и на Копаоник. Овој центар важи за еден од најскапите па сигурно ве интересира какви се цените.
Тие се прилично „солени“. Пет кебачиња во ресторан чинат 1200 динари односно 600 денари. Еспресо и капучино се 80 наши денари. Две ракии 400 денари, греано вино 150 денари.
Сместувањето пак почнува од 80 евра за ден во приватните капацитети, а во хотелите достигнува и 300 во зависност од местоположбата и категоризацијата.