Акциите на Apple и Microsoft значително паднаа во последните месеци.
По состанокот на Федералните резерви, забележан е краткорочен раст на технолошките акции. Веќе во текот на оваа недела, најголем дел од акциите на технолошките компании паднаа. Најголем пад забележаа акциите на Apple и Microsoft. А само во последните два дена овие две компании го претрпеа најголемиот удар.
Акциите на Apple паднаа за 4,6 отсто, што е најлош пад од февруари. Microsoft забележа пад на акциите од 5,5%, најголем пад за производителот на софтвер од октомври 2020 година. Акциите на Google „потонаа“ за 4,2%.
Падот на акциите на технолошките компании е последица на потезите на Федералните резерви со цел да се ублажат последиците од инфлацијата предизвикани од пандемијата Ковид- 19. Зголемувањето на каматните стапки може да изврши притисок врз другите акции во иднина, особено кога растот на профитот опаѓа.
Една од компаниите кои забележаа пораст на акциите во оваа пеколна недела е Facebook, чии акции пораснаа за 1,2%. Односно, Meta Platforms го бележи овој раст. Останува прашањето дали Facebook со старото име би имал подобра недела од онаа на Apple и Microsoft.
Технолошките компании се предвидува да се соочат со значителен и чест пад на акциите во блиска иднина.