Лакталис МК Млекарница е срцето на компанијата. Формирана во 1997 година, како “Идеал-Шипка”, Млекарницата успеала да воведе многу новини и да го освои пазарот со млечни производи, како во Македонија, така и во земјите во коишто извезува. Основна задача на Млекарницата е да откупи млеко со најдобар квалитет и микробиолошки карактеристики, истото да го преработи и од него да произведе млечни производи кои ќе ги задоволат вкусовите на потрошувачите, а воедно ќе бидат во согласност со строгите правила и прописи на стандардите за безбедност на храната, како HACCP и ISO 22000.
Во склоп на Млекарницата функционираат повеќе оддели, како Откуп на млеко, Производство (прием и пастеризација на млеко, оддели за производство на сирење, кашкавал, ферментирани производи, урда, путер, топени сирења), Лабораторија, Контрола на квалитетот, Набавка и Одржување.
Млекарницата е сместена во Битола. Бројот на вработени се движи од 70 до 100, во зависност од сезоната. Во моментот имаме потреба од кандидати за следната позиција:
Магацински работник - Битола
линк за повеќе детали и аплицирање
Магацински работник - Скопје
линк за повеќе детали и аплицирање