Ако сакате да биде успешни и конкурентни во денешниот свет, морате постојано да ги унапредувате вашите знаења и вештини. Посебно е важно да владеете со некои дигитални вештини, бидејќи тоа е иднината. Во наредните 5 години, овие области би требало да станат најбарани.
Секоја од индустриите која ги промовира овие вештини напредувала во последно време, а особено е погодно тоа што работниците можат да работат на далечина, практично од било кое место на светот. Дури и по пандемијата, за овие стручњаци, работата на далечина би можела да с(ос)тане трајно решение.
Некои можеби ќе се насочат кон хибридниот модел на работа, но потребата за наведените вештини ќе остане. До 2025 година, би требало да се развијат 149 милиони нови работни мместа.
Според Coursera, тоа некако вака ќе изгледа, а некои од вештините кои се појавуваат во трите споменати сектори, ја зголемуваат шансата на пазарот на труд.
Деловен сегмент
1. Аналитичар на податоци за софтвер (Data Analysis Software).
2. Microsoft Excel
3. Управување со буџет
4. Бихевиорална економија
5. Управување со деловни процеси
6. Диитален маркетинг
7. Управување со проекти
8. Маркетинг
9. Деловен дизајн
10. Анализа на податоци.
Технолошки сегмент
1. Теорија на компјутерски науки
2. Начела на програмирање
3. C++
4. Програмирање (С)
5. JavaScript
6. Структура на податоци
7. Развој на веб.
8. Дизајн и производи
9. Графички дизајн
10. Математика.
Наука за податоци
1. Програмирање (Python)
2. Веројатност и статистика
3. Економетрија
4. Машинско учење
5. Управување со податоци
6. Алгоритми на машинско учење
7. Применето машинско учење
8. Распределување на веројатноста
9. SQL