Состојбата на пазарот на труд и понатаму е турбулентна, што на голем број компании им отежнува да најдат вработени кои целосно ќе ги задоволат нивните потреби. Овој проблем порано беше „резервиран“ за IT заедницата, но во последно време сме сведоци на неможност да се најдат работници во градежништвото, туризмот, угостителството и други сектори.
Како резултат на тоа, компаниите се повеќе се подготвени да им понудат шанса на оние кандидати кои можеби порано не би ги земале во обзир, како на пример, поранешните вработени.
Како вие би изреагирале ако добиете понуда за работа кај поранешниот работодавач?
Направивме анкета на оваа тема во која ги прашавме посетителите на нашиот сајт “Дали повторно би се вработиле кај некој ваш поранешен работодавач?„
Во анкетата учествуваа повеќе од 670 испитаници, преку кои дознавме што мислат за враќањето меѓу поранешните колеги и кај поранешниот работодавач.
Ако еднаш сум си заминал/а, не се враќам пак – одговориле 44% од испитаниците. По коментарите од анкетираните можеме да заклучиме дека не се оптимисти дека нешто може да се промени на подобро кај работодавачот откако си заминале од одредени причини.
29% би размислиле за понудата, односно Зависно од условите кои работодавачот ќе ги понуди, ако се подобри би си дале уште една шанса во поранешната компанија од која веќе еднаш си дале отказ. „Ако понуди подобра плата, зошто да не“ – се поголем дел од коментарите.
18% би одлучиле дали повторно да прифатат работа кај поранешен работодавач, зависно од причината поради која ја напуштиле работата претходно. „Ако ми вршеле мобинг, ме навредувале, не ми плаќале и ме казнувале без причина никогаш не би се вратил. Таквите работи никогаш не се менуваат“ – вели еден испитаник во коментар.
9% од испитаниците би се вратиле повторно на поранешното работно место.
Кое е вашето мислење на темава?