Германскиот туристички портал Travelcircus секоја година врши анализа на 120 скијалишта кои се наоѓаат во Европа, за резултатите за 2021 година покажуваат дека 7 од 11 најдобри се наоѓаат во Аплама, додека најевтини аранжмани нудат Македонија и Украина.
Многу делови од Европа се претвораат со вистинска магија во текот на зимските месеци, а планините прекриени со снег секоја година привлекуваат илјадници туристи во над 3.600 скијачки региони.
Германскиот портал ги анализирал 120-те најголеми скијачки подрачја во 30 европски земји, од Португалија до Русија и од Норвешка до Грција и по петти пат годинава ги споредува меѓусебно.
Истражувањето опфатило прашања како каде скијачите добиваат најмногу содржини за своите пари, но и која ски стаза е најфотогенична.
Според резултатите, најевтиниот скијачки одмор за 2021/22 година е во Страјa, Романија, каде што за 40 евра дневно се добива престој во хотел, ски карта и опрема. Покрај романското скијалиште, постојат уште четири во Европа кои чинат помалку од 50 евра дневно. Тука се најдоа нашите Маврово и Попова Шапка, кои со 46, односно 47 евра на ден се прилично поевтини во однос на конкуренцијта.
Украина има две скијалишта во категоријата под 50 евра на ден: Високиј Верх – Жар Беркут (48 евра на ден) и Тројстан (49 евра на ден).
Апсолутен фаворите за најфотогенична локација е Матехорн, кој се наоѓа на границата помеѓу Швајцарија и Италија. Во првите пет Instagram фаворити се и Буковел во Украина со 489.000 објави, како и Ере во Шведска со 460.541 објави, руски Роса Кутор и Катр Вале во Швајцарија.