„Никој нема совршен професионален живот и секогаш постои простор за подобрување“, вели Енди Тич, автор на „Од диплома до корпорација: Практичен водич за искачување на корпоративните скалила“.
„Повеќето луѓе имаат тенденција да бидат подобри во својата работа, бидејќи тоа влијае на зголемувањето на среќата и личната сатисфакција.”
Со оглед на тоа дека во денешно време луѓето на работа поминуваат многу од своето време, логично е дека голем број од новогодишните желби им се поврзани токму со работата. Почетокот на новата година и календарски и психолошки е одлична можност за нов почеток. Доколку и сами така се чуствувате, ви претставуваме 14 работи на кои треба да се фокусирате во текот на оваа година.
Размислете за потребите на вашиот сектор
Да се биде доверлив човек во секторот за својот претпоставен и да откривате нови можности е одличен начин да се стане подобар во својата работа. Земете една задача која што на вашиот претпоставен можеби не му е приоритет, па дури и да не ни помислува на тој проблем, разработете ја проблематиката и претставете го своето решение. Таквите иницијативи покажуваат дека сте сигурен и посветен, а дополнителна предност е тоа што сте му олесниле нешто на претпоставениот и тој ќе го цени истото.
Подобро запознајте го вашиот шеф
Вашиот шеф, барем во одреден дел, игра важна улога во вашиот живот или барем во вашата финансиска независност, па затоа е важно да се запознаете со него колку можете подобро професионално но и како личност. Тоа не значи дека треба да бидете пријатели и да се дружите приватно, но би било добро да научите кои се неговите приоритети и што точно е вашата улога во нив. Колку повеќе комуницирате со вашиот шеф, толку е подобро за вас.
Претпоставете го успехот
Вашиот позитивен став произлегува од начинот на кој ја работите вашата работа, вашиот поглед, бојата на гласот и брзината со која зборувате. Бидете сигурни во себе и во она што го работите. Имате единствени квалитети и стручност да го правите токму она што го работите. Поставете си нови предизвици оваа година и барајте прилика за да ги реализирате. Обидете се да размислите за тоа, како она што го работите влијае на другите.
Следете ги трендовите во професијата
Вашата професија постојано се менува и добро е да бидете информирани за трендовите. Постојат бројни специјализирани списанија или веб-сајтови, како и блогови кои ги следат трендовите, и истите може да бидат вреден извор за најновите информации и промени. Тоа се теми на кои можете да разговарате со колегите, претпоставениот или со менаџментот. Да се биде информиран е многу голема предност во светот на бизнисот.
Секогаш понудете решение
Идеја без јасна визија од претпоставените обично звучи повеќе како една кавга отколку добар проект, па затоа секогаш обидете се да го претставите проектот на најдобар начин. Колку повеќе решенија ќе понудите, толку е проблемот помал, а од друга страна менаџментот ќе има во вас повеќе доверба. Тоа значи дека во иднина ќе бидете лицето на кое може да сметаат, и можеби да добиете нови одговорности и можности за личен развој.
Барате ментор
Колку што знаеме, секогаш може да научиме повеќе. Во компанијата, секако дека постојат повеќе искусни колеги од вас, односно луѓе со долгогодишно професионално искуство од кои може да се научи многу. Можност за учење може да биде паузата за кафе или ручек, неформален разговор кој може да обезбеди одлична основа за квалитетни разговори во иднина. Бидете отворени за совети од луѓе кои имаат повеќе искуство од вас.
Подобрете ги вашите комуникациски вештини
Во светот на бизнисот денес е голем проблем што малку луѓе имаат храброст отворено да зборуваат и да ги поткрепат своите ставови со квалитетни аргументи. Стравот од конфликт преовладува, според тоа, добра бизнис одлука е да зборувате отворено и искрено во оваа година. Не плашете се од конфликтни ситуации – задржете го смирен гласот и внимателно бирајте ги зборови. Со текот на времето ќе сфатите дека тоа предизвикува помалку стрес отколку избегнувањето на конфликти и сигурно ќе станете подобар во својата работа. Едноставно, на работа најмногу време одземаат недоразбирањата и лошата комуникација.
Работете повеќе и попаметно
Некои вработени самите си поставуваат граници што се однесува до обемот на работа и бројот на часови, или колку тие се подготвени да инвестираат во проектот. Важно е да се оди подалеку од овие рамки и да се препуштите на темпото на работа. Се разбира, само да работите напорно не е доволно – треба да работите и паметно. Тоа значи, своето работно време да го искористите на најефикасен можен начин.
Не претерувајте со работа
Ако сте “workaholic”, можеби треба да забавите и да престанете да си задавате нереални цели. Добро е да се биде амбициозен, но мора да бидете внимателни да не прегорите.
Доброволно преземете некој проект / задача
Што повеќе може да помогнете во разни цели на компанијата, толку е подобро. Особено ако сте ангажирани во проекти кои можат да ви помогне подобро да се запознаете со работата на другите колеги, сектори или подружници. При тоа, сепак, имајте на ум дека она што го работите е приорите. Не прифаќајте повеќе од она што можете да сработите.
Погледнете ја големата слика
Голем број вработени, понекогаш се толку фокусирани на она што го работат, што едноставно не ја гледаат големата слика. Вие сте, всушност, само едно парче од сложувалката, која не е целосна се додека сите делови не се на број. Обидете се подобро да се запознаат со она што го работат вашите колеги и претпоставени. Тоа ќе ви помогне подобро да ја разберете големата слика на компанијата и на пазарот, а способноста за согледување на големата слика е потребна вештина за оние кои сакаат да напредуваат и се гледаат еден ден во улогата на лидер.
Инвестирајте во знаењето
Учете, надоградувајте го знаењето, усовршувајте се секогаш кога ќе имате шанса. Со инвестирање во знаење едноставно не може да тргне наопаку. Секогаш останете информирани и конкурентни.
Поставувајте ги вистинските прашања
Покрај тоа што е добро да ги посматрате колегите на работа, уште подобар начин за учење е да поставувате прашања, особено вистински прашања. Не се плашете да прашувате. Размислете за она што точно сакате да знаете пред да прашате, а од друга страна водете мерка да не претерувате со премногу прашања за да не им одземате на луѓето премногу време.
Бидете доследни
Ако сте ветиле дека ќе направите нешто, направете го тоа, и притоа почитувајте ги предвидените роковите, особено ако сте ги поставиле роковите сами или сте ги прифатиле како такви. Извршувајте ги своите ветувања и покажете дека сте стабилни.
Еве уште неколку добри совети за оваа година:
- Посветувајте поголемо внимание на детали
- Престанете да се жалите
- Бидете тимски играч
- Поставувајте си повеќе цели и обидете се да ги надминете сопствените граници