Tesla ќе повлече повеќе од 475.000 електрични автомобили Model 3 и Model S поради проблеми со багажникот и камерата која снима зад возилото со што се зголемува ризикот од судир, соопшти американската агенција за безбедност во сообраќај.
Американскиот произведувач повлекува 356.309 примероци од Model 3, направени од 2017 до 2020, поради проблеми со камерата и 119.009 примероци од Model S поради багажникот.
„Недостапноста од задната камера може да предизвика сообраќајна несреќа“, се наведува во соопштението.
Вредноста на акциите на Tesla опадна за 1,1 отсто.