Цената на биткоинот порасна за над 60% во минатата година, а во ноември лани достигна рекордна вредност од 69 илјади долари за еден биткоин. Сега цената е околу 45 илјади долари.
Да се потсетиме на најважните настани поврзани со биткоинот, кои го одбележаа крајот на минатата година.
Претседателот на Федералните резерви на САД на 30 септември изјави дека Федералните резерви на САД немаат намера да ги забрануваат или ограничуваат криптовалутите, пишува Ројтерс.
Веста од 19 октомври – дека првиот фонд Bitcoin Futures Exchange во САД ќе го одобри американската Комисија за хартии од вредност (SEC) означи своевидно признание од страна на американскиот регулатор дека криптовалутите се неизбежна реалност која треба институционално да се прифати и формализира. Тоа регулаторно одобрување ја однесе цената на биткоинот на највисоко ниво.
Од друга страна, Банката на Америка започна истражување за дигитални средства што покажа дека криптовалутите сега пораснале толку многу што институционалните инвеститори би ги игнорирале. Инвестициските банки го отфрлија нивниот претходен скептицизам за криптовалутите. Во ноември, JP Morgan ја потврди својата прогноза дека биткоинот ќе порасне на 146 илјади долари. Ситибанк предвидува дека првата криптовалута оваа година ќе достигне 120 илјади долари. Иднината на криптовалутите изгледа одлично, барем засега, бидејќи сѐ повеќе луѓе сакаат да поседуваат криптовалути, се шири кругот на познати личности кои зачекорија во тој домен.
Растот на побарувачката, во комбинација со ограничената понуда и сè побавното темпо на ископ на биткоин, укажуваат на долгорочно продолжување на растот на цената на „дигиталното злато“, како што некои го нарекуваат биткоин, пишува Маркетвоч.