Преку специјалната интернет платформа, односно преку дигиталниот портал на јавната администрација, меѓу останатите документи што Грците можат да ги вадат онлајн, веќе е вклучена можноста и за добивање развод доколку постои согласност од двете страни
Конкретната одлука е веќе објавена во Службен весник на Грција, а предвидено е двете страни преку нивните адвокати, електронски да го прекинат бракот, процедура што ќе трае само десет дена и без да биде потребна посета на суд.