За време на божиќните празници, на 6 и 7 јануари 2022 година, сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат бесплатни за граѓаните.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на претпријатието ќе продолжи на 8 јануари 2022 година (сабота), со вообичаено работно време.
Депото на „Пајак" службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.
Паркирањето во Општина Центар беше бесплатно за сите граѓани и на 1 јанаури 2022 година, на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ.
Извор: kanal5.com.mk