Apple стана првата компанија која достигна вредност од три илјади милијарди долари на берзата, за да го заврши денот малку под таа граница.
Инвеститорите очекуваат дека производителот на мобилниот телефон „iPhone“ ќе продолжи да претставува атрактивни производи додека се шири на пазарите на автоматизирани автомобили и виртуелна реалност.
Во текот на првиот ден од тргувањето во 2022 година, индивидуалната акција на компанијата од Силиконската долина достигна вредност од 182,88 долари, со што вредноста на целата компанија се искачи на над три милијарди долари.
Подоцна цената на акцијата падна за 2,5 отсто, на 182,01 долар, па пазарниот капитал на „Apple“ го заврши берзанскиот ден на 2,99 трилиони долари.
Највредната светска компанија очекува дека потрошувачите ќе продолжат да купуваат „iPhone“, „Macbook“ и услуги како „Apple TV“ и „Apple Music“ оваа година.
Apple ја достигна границата од 2 трилиони долари заедно со корпорацијата Microsoft, која сега има вредност од околу 2,5 милијарди долари.
„Alphabet“, „Amazon“ и „Tesla“ ја минаа границата од еден трилион долари, а саудиската „Oil Corporation“ вреди околу 1,9 трилиони долари, покажуваат податоците на компанијата „Refinitiv“.