Месец Јануари е период во кој луѓето даваат најмногу откази. Првиот работен ден е наречен "Голем Понеделник" и е најпопуларен ден за наоѓање на нова работа.
Потрагата трае цел месец, а во просек секој петти човек бара нова работа во новата година. Што е тоа во јануари што ги тера луѓето да размислуваат за нивната моментална работа? Експертите за вработување и работодавачите открија зошто луѓето носат вакви одлуки овој месец.
Нова година, нов јас - древна реченица што луѓето ја користат на почетокот на годината и планираат големи промени
Стивен Хемфрис, директор на една компанија, изјави дека желбата за нови цели ги тера луѓето да бараат нова работа. „Јануари е време кога луѓето си поставуваат нови цели и бараат промени. Работата е голема ставка во животот, па затоа е првото нешто што ќе решат да го променат“.
Ник Кирк, извршен директор на друга компанија, вели дека луѓето бараат нов почеток. „Во јануари бројот на апликации за работа се зголемува затоа што луѓето се инспирирани да се менуваат, најмногу во средината на месецот, а уште една интересна работа е што тоа го прават во вторник! Донесуваат одлука за „добар понеделник“, ја спроведуваат во вторник“. Фил Весткот, директорот за вработување на една компанија, смета дека јануари е месец кога луѓето се „будат“ и стануваат свесни за настаните од декември. „Во декември се случуваат драстични промени во односите, а потоа во јануари луѓето почнуваат да бараат нова работа како уште една промена во животот. На пример, повеќето раскинувања се случуваат на почетокот на декември, но останатите се популарни за веридби.
Семејството е одлична мотивација
Времето поминато со семејството и пријателите во декември ги мотивира и охрабрува луѓето да донесат некои големи одлуки на почетокот на годината и да ја променат перспективата за некои работи. Фил верува дека оние кои биле несреќни цела година се прашуваат дали треба да се вратат на работа. „Периодот во кој луѓето се одвоени од работата за празниците и ја поминуваат со семејството и пријателите е клучен за работата. Доколку досега се чувствувале стресни и под притисок, за време на празниците се опуштиле и сфатиле дека не вреди да се вратат на старата работа.
Промени во компанијата
Јануари е време на покачувања и унапредувања на работа. Оние кои мислат дека нема да добијат ништо од горенаведеното, се мотивирани да бараат нова работа. Меги Олд, директор за човечки ресурси на една компанија се согласува со изјавата дека јануари е голем месец во календарите на компаниите. „Многу компании планираат и големи деловни промени во новата година, а некои вработени не се гледаат себеси во тоа, па решаваат да дадат отказ. Друга причина е депресијата во јануари. Цел месец е сиво, деновите се темни и расположението генерално лошо.